Фудбалерите на Манчестер сити запишаа нова победа во домашниот шампионат откако денеска на домашен терен славеа против Евертон со 2-0 во натпревар од 8. коло од новата сезона во Премиерлигата.
Повторно најголем виновник за победата на „граѓаните“ беше неверојатниот норвешки голгетер Ерлинг Халанд кој ги постигна двата гола на овој меч. Норвежанецот водство за домаќините од 1-0 донесе во 58. минута, додека конечните 2-0 ги постави во 63. минута.
Manchester City [2] – 0 Everton – Erling Haaland 63'
byu/West_Agent4651 insoccer
РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕРЛИГА 8. КОЛО:
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЕВЕРТОН 2-0
КРИСТАЛ ПАЛАС – БОРМУТ 3-3
САНДЕРЛЕНД – ВУЛВЕРХЕМПТОН 2-0
БАРНЛИ – ЛИДС 2-0
БРАЈТОН – ЊУКАСЛ 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

