Ерлинг Халанд испиша историја во Премиерлигата (ВИДЕО)

Името Ерлинг Халанд со златни букви ќе биде испишано во историјата на Премиерлигата барем додека не се најде поврвен голгетер од него кој ќе го надмине неговиот последен рекорд.

Халанд од пенал донесе водство на Манчестер Сити против Брајтон, забележувајќи го 100-тиот гол и асистенција во Премиерлигата и тоа за рекордни 94 натпревари.

Со тоа зад себе го остави доскорешниот рекордер Алан Ширер на кој му беа потребни 100 натпревари за ваков успех, но и легенди како Ерик Кантона, Мо Салах, Серхио Агуеро и Тијери Анри.

Се вчитува...