Реал Мадрид сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Шпанците се загрижени поради офанзивата на клубовите од Саудиска Арабија кон Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор.
Норвешкиот стрелец долго време ѝ се допаѓаше на раководството на „белиот балет“, но досега трансферот изгледаше невозможен поради присуството на Винисиус и Мбапе.
Изгледа дека привлекувањето на Халанд не е лесна задача, бидејќи на почетокот на 2025 година Норвежанецот го обнови договорот со Манчестер Сити до летото 2034 година, а според извештаите новиот договор не вклучува ослободителна клаузула, па така Реал Мадрид ќе треба да плати огромна сума на пари за да го ангажира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА