Ерлинг Халанд се запиша во историјата на Норвешка

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана најдобриот стрелец во историјата на норвешката фудбалска репрезентација откако ги постигна 33. и 34. гол за репрезентацијата во победата од 3:1 над Словенија во Лигата на нации.

Во натпреварот од третото коло од групата Б3 на Лигата на нации, Халанд постигна голови во 7. и 62. минута и со тоа го престигна на вечната листа Јорген Јуве, кој постигна 33 гола за Норвешка во периодот од 1928 до 1937 година.

Јуве го имаше тој ефект на 45 натпревари, додека Халанд достигна рекордни 34 гола на 36 натпревари.

Се вчитува...