Работнички ја засили конкуренцијата во навалната линија на својот тим на една седмица пред стартот на новиот шампионат на Македонија. „Романтичарите“ го ангажираа ерменскиот интернационалец Вардан Погосјан, кој доаѓа од редовите на ерменскиот Пјуник. 25-годишниот напаѓач потпиша едногодишен договор со Работнички, со опција доколку двете страни се задоволни од соработката, да биде продолжена за уште една дополнителна сезона.
Погосјан е и потенцијален ерменски репрезентативец и досега има одиграно три натпревари за националниот тим на својата земја. Тој веднаш му се става на располагање на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски.
Работнички денеска (18 часот) ќе ја одигра и „генералката“ пред новата сезона, против Хата, тимот од Дубаи, чиј тренер е македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА