Ерменија неочекувано ремизираше (1-1) со фаворитот Велс во 7. коло од Групата Д во квалификациите за ЕП 2024, и на тој начин и помогна на Хрватска на патот до собирот на најдобрите на Стариот континент.
На Велс му беше неопходна победа со што ќе беше во предност пред Хрватска пред последното коло, но Ерменците ги расипаа плановите на Велшаните.
Ерменија поведе со 1-0 со убавиот погодок на Зеларајан уште во 5. минута.
Велс успеа да дојде само до реми со автоголот на Тикнизјан во 45. минута.
Хрватска од 18 часот гостува во Рига против Летонија, каде се очекува лесно да ја потврди фаворитската улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА