Фудбалската репрезентација на Ерменија ја оправда фаворитската улога во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации откако дома без поголеми проблеми славеше над репрезентацијата на Летонија со 4-1.
Водство за Ерменците од 1-0 донесе Бичакчијан уште во 6. минута од мечот. Летонците изненадувачки успеаја да израмнат на 1-1 во 9. минута со автоголот на Харутјунијан. Повторно видовме автогол, но овојпат за водство на Ерменците од 2-1 откако сопствената мрежа во 35. минута ја затресе Дубра. Во вториот дел Зеларајан во 48. минута зголеми на 3-1, додека конечните 4-1 беа дело на Сперсијан во 86. минута.
Ерменија во вторник ќе и гостува на Македонија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Armenia [2] – 1 Latvia – Kaspars Dubra 35' (Own-goal)
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА