Ерменска Ноа ја заврши европската авантура на Шкендија (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го заврши настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА откако по поразот минатата недела на гостувањето во Ерменија од 2-0, откако загуби и на домашен терен од Ноа овојпат со 1-2.

Гостите подобро го отворија мечот и веќе по осум минути имаа две полушанси по кои не успеаја да го загрозат голот на голманот Амзаи.

Првата шанса Шкендија ја имаше во 14. минута кога Красничи биеше добро, но противничкиот голман успеа да го одбрани неговиот удар. Гостите од еден прекин повторно го загрозија голот на Шкендија, но повторно сигурен беше Амзаи кој не дозволи водство за противникот.

Следеше нова шанса на гостите кои овојпат успеаја да ја искористат преку Aлександар Милјковиќ и во 20. минута да поведат со 0-1. До крајот на првото полувреме и двете екипи имаа уште по неколку шанси, но не успеаја да го загрозат голот на противникот.

Домашниот тим многу похрабро го отвори второто полувреме, и одличната игра ја материјализираше со израмнување 1-1 преку капитенот Клинсман Цаке во 53. минута.

Во продолжение Шкендија имаше уште неколку шанси да стигне барем до почесна победа, а откако не успеа сето тоа го казнија гостите за конечен триумф од 1-2 преку Пинсон во 91. минута.

Се вчитува...