Ерменците ја решија Естонија, Македонија е прва во групата

Ерменија ги прокнижи првите бодови во новото издание од Лигата на Нации, триумфирајќи на домашен терен над Естонија со 2-0. Фаворитската улога беше рутински оправдана, па иако не одиграа на највисоко ниво ерменските фудбалери сепак сторија доволно за да го скршат отпорот на противникот.

Клучен момент беше 43. минута, кога Карапетјан одлично се снајде и со волеј удар од петнаесетина метри го матираше естонскиот голман, кој до тој момент немаше премногу работа. Естонците беа принудени да ја отворат играта, а домаќините знаеја како да го искористат тоа постигнувајќи и втор погодок преку Вбејмар.

Македонија е првопласирана по првите две одиграни кола во оваа група. Нашиот национален тим има четири бода, исто колку и Грузија, но и повеќе постигнати голови (при иста гол разлика +1) од денешниот ривал. На третото место е Ерменија со три бода, додека Естонија е без бодови и без постигнат гол по првите две кола од Лигата на Нации.

Се вчитува...