Ернест Ѓока ја собра Шкендија за старт на подготовките (ФОТО)

По Ренова, денеска официјален старт на подготовките за продолжението од првенството означи и тетовска Шкендија.

Ернест Ѓока ја собра екипата на првата прозивка, и по првичните тестови, наредниве денови стартуваат и тренинзите кои ќе се реализираат во Тетово.

Шкендија ја очекуваат неколку засилувања во зимскиот преоден рок, иако од раководството на клубот не сакаат да спомнуваат имиња и покрај тоа што во тек се разговори со неколку фудбалери.

Се вчитува...