Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано не го криеше задоволството од победата на гостувањето против Ботошани и пласманот во следната рунда натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа.
„Може само да им честитам на моите фудбалери кои покажаа како се игра за клубот кој се сака. Одиграа согласно договореното, притоа мудро тактички одговарајќи по водството кое на извонреден начин преку Ибраими дојде уште во раната фаза од натпреварот. Предноста одлично ја чувавме и покрај тоа што последниот половина час го одигравме и со фудбалер помалку. Но, целосно го неутрализиравме силниот тим на Ботошани за заслужен пласман понатаму во Европа“ – истакна Ѓока по натпреварот.
Во 3. квалификациско коло на 24. септември Шкендија во Скопје ќе го пречека лондонски Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА