Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока вели дека неговиот тим е максимално подготвен за европскиот старт во квалификациите од Лигата на шампионите.
Шкендија утре од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло за ЛШ против словенечка Мура. Црвено-црните веруваат дека можат до позитивен резултат и покрај тоа што Словенците воопшто не се наивен тим.
„Минавме одлични подготовки. Тимот е максимално подготвен за овој предизвик, и покрај тоа што воопшто нема да биде лесна задача. Имаме силен противник пред нас, Мура воопшто не е наивен противник, но ние се фокусираме единствено на нашата игра, на нашите цели и амбиции, а тоа се пласман во следната рунда натпревари“ – истакна Ѓока на прес-конференцијата пред мечот, притоа дополнувајќи:
„Сите во тимот се чувствуваат одлично. Сите се располагање освен Бруно Дита. Шкендија има сили за позитивен старт на европското лето“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА