Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока за клупскиот сајт се осврна на штотуку завршените подготовки на тимот во Анталија. Ѓока е задоволен од подготовките нагласувајќи дека резултатите од тест дуелите, две победи и две ремија, во овој момент и не се многу важни.
„Резултатите во овој момент од тест дуелите и не се многу важни, колку што низ тие натпревари увидовме како би реагирале на противници кои преферираат различен стил на игра. Задоволен сум од подготовките во Анталија каде имавме навистина добри услови за работа. Мислам дека ја достигнавме неопходната форма пред стартот на пролетниот дел од првенството“ – вели Ѓока.
Тренерот на Шкендија со став и за новите имиња во клубот.
„Новите фудбалери добро се вклопија во тимот. Кривак, Далку, Нето…. имаат квалитет кој ќе ни помогне, иако треба уште малку време за адаптација. Шкендија сега е комбинација на млади фудбалери и искуство кое верувам ќе донесе резултати согласно нашите амбиции“ – вели тренерот на тетовци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

