Албанскиот стратег Ернест Ѓока останува уште една година на клупата на Шкендија. Тетовскиот клуб се договори за продолжување на соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, која се очекува да биде официјализирана наредниве денови.
50-годишниот Ѓока треба да го предводи тимот на европската сцена ова лето во квалификациите за Лигата на Европа. Беше јасно дека двете страни се желни за продолжување на заедничката соработка што резултираше со нов договор.
Шкендија вчера ги продолжи договорите и со Бесарт Ибраими и Арменд Алими, а од клубот заминаа Агим Ибраими, Марјан Радески, Самир Фазли, Костантин Чешмеџиев и Гледи Мици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

