Шкендија дојде до заслужена победа на гостувањето против Сумгаит во Азербејџан од 0-2 за пласман во следната рунда натпревари од Лигата на Европа. Тренерот на „црвено-црните“, Ернест Ѓока очекувано е задоволен од изданието на своите избраници.
„Дојдовме до заслужена победа. Добро го анализиравме противникот, знаевме што не очекува па може само да кажам дека фудбалерите одработија токму согласно договореното. И Сумгаит имаше навистина квалитетни минути, но очигледно е дека му недостасува искуство на интернационалната сцена“ – истакна Ѓока по натпреварот со Азербејџанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА