Ертел го крена гласот: Отидов во Русија за да играм кошарка, не носам оружје и не сакам војна

Томас Ертел веќе неколку месеци е критикуван за одлуката кариерата да ја продолжи во Русија, прифаќајќи ја понудата на Зенит непосредно по завршувањето на Евробаскет.

Плејмејкерот беше цел на бројни критики бидејќи Француската Кошаркарска Федерација објави дека кошаркарите потпишале договори во кои ветиле дека нема да настапуваат во Русија по почетокот на војната во Украина. Ертел го изигра правилото, најпрвин го потпиша тој договор, но откако го одигра ЕП за „триколорите“, веднаш потоа реши да се пресели во Зенит.

„Вистината е дека јас тогаш не знаев точно каде ќе играм. Точно е, имав понуда од Зенит, но разгледував и други опции. Кога заврши европското првенство ги разгледав сите варијанти и одлучив дека во овој дел од кариерата, финансискиот момент е многу важен и затоа го избрав Зенит. Не ги разбирам критиките, најискрено, па јас отидов во Русија да играм кошарка, не да носам оружје или да тргнам во војна, нормално дека јас сум против војна. Вистина е, постои воен конфликт, но ако тргнуваме по таа логика тогаш не би можел да играм ниту во Израел ниту во Кина. Секаде мора да важат истите аршини. Јас не познавам ниту еден овде што ја поддржува војната. Дали луѓето кои играат во Франција ги поддржуваат сите одлуки на француската влада? Секако дека не е така, секако дека не сакам никој да загина во војна. Францускиот сојуз нека ми го исплати договорот што ми следи според потписот со Зенит, веднаш ќе си заминам од Русија и ќе играм некаде за помалку пари“, изјави Ертел.

Се вчитува...