Францускиот кошаркар Томас Ертел наскоро би можел повторно да заигра во Евролигата откако доби покана од неговиот поранешен клуб Барселона.
Според каталонските медиуми, поранешниот француски плејмејкер е првата опција на Барселона да го замени Бразилецот Раул Нето, со кого клубот ја прекина соработката по нешто повеќе од еден месец.
Честите повреди го оддалечија Нето од првиот тим, а тој беше доведен на местото на тешко повредениот Лапровитола, па мораа да бараат друго решение во Барса.
Ертел го гледаат како најдобра опција во моментов, бидејќи покрај тоа што има големо искуство, некогаш играше и во Барселона (2017-2021) и одлично го познава клубот.
Ертел моментално настапува за кинескиот клуб Шенжен Авијаторс за кој просечно бележи 18,2 поени, 4,1 скока и 8,5 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА