Ертел разочаран: Срамота е што ми направи Барселона…

Томас Ертел не го криеше разочарувањето откако трансферот во Барселона му пропадна во „пет до дванаесет“, откако искусниот плејмејкер со семејството се најде на аеродром во Кина, за пред патувањето за Шпанија да дознае дека овој трансфер нема да биде комплетиран.

Ертел пред неколку години беше во војна со каталонците откако го оставија на аеродром во Истанбул додека остатокот од тимот се врати со авион во Барселона, а токму тој конфликт беше причина навивачите да се спротивстават на камбекот на Французинот во клубот.

„Срамота е ова што ми го направи Барселона, не сум бил волку понижен досега во животот. Ова е посрамно дури и од она што ми се случи во Истанбул. Немам зборови да опишам како се чувствувам“, изјави Ертел.

„Не е нормално она што се случи. Томас зборуваше со тренерот Пењароја, потоа преговаравме со директорот и постигнавме целосен договор. Тие го организираа превозот, ги платија авионските билети, но кога Ертел требаше да дојде на прегледи и потпис, на крајот се јавија дека трансферот пропаѓа. Не ми дадоа ниту едно нормално спортско образложение, ако се знае дека имавме договор со директорот и со тренерот, се поставува прашањето кој ги носи спортските одлуки во Барса. Ертел со право е разочаран, може да бара правда по судски пат за она што се случи“, истакна агентот на Французинот, Давид Каро Фуњеш.

Се вчитува...