Ерупција на Тифозите: Хамилтон најбрз на спринтот во Кина

Луис Хамилтон стигна до својата прва победа како член на Ферари, откако седумкратниот светски шампион славеше на спринт трката на големата награда на Кина.

Хамилтон до победата стигна на убедлив начин откако водеше од самиот старт на мечот. На второто место заврши Оскар Пјастри во Мекларен, додека третата позиција ја освои четирикратниот актуелен шампион Макс Ферстапен во Ред Бул.

Во топ 10 завршија уште и: Расел, Леклер, Цунода, Антонели, Норис, Строл и Алонсо.

Се вчитува...