Ервин Цого ја продолжува својата авантура со швајцарскиот 3×3 тим до 2028 година.
Откако веќе имаше импресивен настап минатата година, завршувајќи на 4-то место на Европскиот куп, по што следеше сребрен медал на Светското првенство оваа година, македонскиот магионичар ќе ја продолжи својата одлична работа во оваа држава.
„Ервин придонесе со својата експертиза во развојот на швајцарскиот 3×3 и се етаблира како клучна фигура во националниот тренерски тим. И веќе, следната пресвртница е на повидок: Европскиот куп во септември, со цел да се постигне уште подобар резултат од минатата година!“, стои во соопштението на кошаркарската федерација на Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

