Најдобриот македонски баскетџија Ервин Цого од неодмана доби нов тим откако стави потпис со јапонскиот Сагамихара каде ќе ја продолжи својата играчка кариера со настапи на светските челинџери, а наскоро ќе добие и нов предизвик со влез во тренерските води.
Македонецот ќе добие шанса на клупата на швајцарската сениорска женска 3х3 репрезентација, предизвик кој треба да го трасира новото поглавие во неговиот живот.
Цого во кариерата настапуваше за повеќе македонски прволигаши како МЗТ Скопје, Работнички, Куманово, АВ Охрид, Шкупи, ТФТ и Вардар, а беше предводник на теренот и на македонската репрезентација во 3х3 од која замина во пензија пред четири месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

