Есенскиот првак ги „запали моторите“, целта е одбрана на шампионскиот трон

Актуелниот шампион и актуелен лидер на табелата Струга ТЛ денеска и официјално ги започна подготовките за пролетната сезона. Во некомплетен состав, тренерот Шпетим Дуро го одржа првиот тренинг, а екипата се очекува да се комплетира во следните денови.

Планот на Струга ТЛ е да остане „дома“ до 19 јануари, а од 20 јануари до 3 февруари екипата оди во Анталија, каде ќе се одработува главната фаза на подготовките.

Предвидени се четири контролни натпревари, а кои ќе бидат противници, тимот ќе информира наскоро.

Последната етапа од подготовките ќе се одвива во Струга, а на 10 февруари екипата ќе има „генерална проба“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...