Есенскиот шампион од Втората лига – Запад, тимот на Велазерими се наоѓа во исклучително тешка ситуација пред почетокот на пролетниот дел од сезоната по поплавите кои го зафатија Кичево максимално оштетувајќи го и стадионот на Велазерими.
Покрај поплавениот терен, Велазерими се соочи и со комплетно уништување на службените простории, соблекувалните…, поради што од клубот сега бараат помош од државните институции и сите добронамерни љубители на фудбалот од земјава.
„ФК Велазерими по поплавите во Кичево претрпе огромна штета на комплетната своја натпреварувачка опрема, апарати и реквизити за функционирање на клубот. Се е оштетето во службените простории и соблекувалната вклучувајќи ја и електричната мрежа. Токму поради тоа принудени сме да побараме помош за нормализирање на ситуацијата во клубот пред продолжението на сезоната во која ќе се брка влез и во прволигашкото друштво. КК ВЕЛАЗЕРИМИ – КИЧЕВО, Жиро сметка: 270040340400142, Халк банка“ – се вели во соопштението од ФК Велазерими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА