Ешли Барти од денеска е број еден на ВТА листата. Пласманот и го обезбеди титулата на турнирот во Бирмингам до која дојде со финалната победа на Јулија Гергеш. Освојувачката на трофејот на Ролан Гарос го преземе првото место од Наоми Осака.
„Во моментов сум без зборови. Како дете сонувате да бидете број еден, но да се оствари тоа е неверојатно. Ова е неверојатен период за мене“ – изјави возбудено Барти по триумфот.
Ешли Барти е првата Австралијка по Ивон Гулагонг во далечната 1976 година што го зазема врвот на женскиот светски поредок.
Приказната на Барти е особено интересна затоа што таа во 2014 година реши да се повлече од тенисот и играше крикет. Потоа во 2016 се врати и пролетва во Париз ја освои првата грен-слем титула во кариерата, од денеска е најдобрата тенисерка во светот. Таа има 23 години и досега има заработено 10 милиони долари од награди на тениските турнири што во моментов ја прави 48. на вечната листа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА