Австралиската тенисерка Ешли Барти ј заокружи прекрасната одисеја во Франција со триумф на Ролан Гарос. Таа во финалето ја совлада Маркета Вондрушова со 2-0 во сетови за само нешто повеќе од еден час игра.
Барти почна фуриозно и го доби првиот сет со 6-1 во гемови. Осмата носителка беше доминантна и во вториот сет, поведе со 4-2 во гемови, а на крајот на противничката и дозволи да стигне до три. Ова е најголемиот успех во досегашната кариера на 23-годишната Австралијка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА