Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед одлучи да ги задржи во своите редови Ешли Јанг и и Дејли Блинд за уште една дополнителна сезона. Тие имаа актуелни договори до јуни 2018 година, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.
Раководството на „црвените ѓаволи“ ја активираше клузулата по советот на менаџерот Жозе Мурињо и им понуди договори до јуни 2019 година на двајцата фудбалери. Претходно, и Хуан Мата, Андер Херера и Лук Шо исто така ги продолжија договорите со клубот.
Ешли Јанг оваа сезона е постандарден во составот на Мурињо и одигра 26 натпревари во сите конкуренции, додека Дејли Блинд го носеше дресот на Манчестер јунајтед на 15 мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА