Манчестер јунајтед ја активираше клаузулата на Ешли Јанг, според која ќе му биде продолжен договорот на уште една година. На 32-годишниот фудбалер му истекуваше договорот по крајот на оваа сезона, но откако Мурињо го „заживеа“ на левата бековска позиција, Јанг стана незаменлив и заслужено го доби ова продолжување на соработката.
Недостигот на фудбалери на позиција лев бек во екипата на Мурињо, го принуди Јанг да се преобрази од лево крило во лев бек, Англичанецот без многу размислување прифати да игра во последната линија од формацијата, само за повторно да биде стандарден во тимот и да добива соодветна минутажа. Јасно е дека во следниот трансфер период португалскиот стратег ќе бара нов лев бек, откако Лук Шо дефинитивно ќе го напушти „Олд трафорд“, но Јанг ќе биде тука за секој случај, како адекватна замена во одредени ситуации.
Во кариерата одигра 193 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 16 погодоци и 38 асистенции, но голем дел од нив се од времето кога имал повеќе офанзивни задачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА