Поранешниот фудбалер на Арсенал и Челси, Ешли Кол кој важи за еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот доби место во „Куќата на славните“ на Премиерлигата.
По овој повед говореше на повеќе теми, а откри и кој му бил најтежок противник за чување. Тоа е Кристијано Роналдо со кој долги години водеше елитни битки.
„Со текот на годините, Кристијано Роналдо и јас имавме доста силни битки и имаме взаемна почит еден кон друг. Тој дојде во Премиерлигата како непознат, но набрзо сфати што е потребно за да се биде врвен играч. Беше подготвен да учи и да се прилагодува. Сакаше да биде најдобар играч на светот и стана машина.
Имаше се. Можеше да дрибла, можеше да трча брзо, можеше да скокне и ја удри топката, можеше да влезе внатре, можеше да излезе. Затоа велам дека тој секогаш ми правеше кошмари, но вие се обидувате да се справите еден со друг и понекогаш го добивме најдоброто еден од друг. Секогаш кога ќе го слушнам неговото име или ќе го видам неговото лице, секогаш помислувам кога ме натера да направам шпага“, изјави Кол.
А, пак за успешноста на одбранбениот играч говори статистиката. Кол 19 пати во својата кариера се сретна со Кристијано Роналдо и Лео Меси, а едни од најдобрите фудбалери во историјата против него постигнаа само три голови.
Кол во кариерата одигра 385 натпревари и на 147 од нив противникот не постигна гол. Англичанецот оствари 31 асистенција и постигна 15 голови освојувајќи три шампионски титули во Премиерлигата.
The day Ashley Cole pocketed Cristiano Ronaldo 🤯 pic.twitter.com/UUxiYgHN3O
— CFC-Blues (@CFCBlues_com) March 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА