Некогаш славниот фудбалер на Челси, Микаел Есиен имаше неславен крај во индонезискиот клуб Персиб Бандунг во кој стигна пред една година.
По крајот на сезоната во Индонезија на Есиен му заврши договорот со Персиб кој имаше опција и да го задржи во клубот. Но, од клубот му се заблагодарија на соработката информирајќи дека не им се потребни неговите услуги.
Есиен на тој начин повторно остана слободен фудбалер, без клуб. Наводно, би можел да остане во Индонезија но во Бали јунајтед кој сака да го ангажира.
Микаел Есиен за Персиб одигра 29 натпревари и постигна пет гола. Во својата кариера освен во Челси играше и за Реал Мадрид, Милан, Лион и Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА