Еспањол го отпушти Кике Санчез Флорес

Шпанскиот прволигаш Еспањол го отпушти тренерот Кике Санчез Флорес поради слабите резултати на тимот. По пет меча без постигнат гол, од кои четири порази, раководството на клубот реши да ја прекине соработката со стратегот кој беше на кормилото во изминатите две сезони. Покрај него, си заминува и спортскиот директор Жорди Лардин.

„Клубот донесе одлука да ги ослободи обврските шефот на стручниот штаб и и спортскиот директор. Во наредниот период обврските кон првиот тим ќе ги преземе Давид Галјего, кој досега работеше со резервниот состав“, објави Еспањол.

Во моментот Еспањол се наоѓа на 16.позиција на табелата со 36 бода, но се уште го нема комплетно обезбедено опстанокот во Ла Лига.

 

Се вчитува...