Еспањол и Бетис во трка за Столе Димитриевски!

По извонредната сезона на голот на Гимнастик, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можност својата кариера веќе од престојнава сезона да ја продолжи во шпанската Примера.

Димитриевски, како што пренесуваат шпанските медиуми, е на мета на Бетис кој во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на Европа… Но, за услугите на 24-годишниот македонски репрезентативец силно заинтересиран уште еден тим од Ла Лига, Еспањол.

„И тоа како реална е опцијата Димитриевски да биде дел од Бетис во новата сезона… И Бетис и Еспањол се во потрага по нова опција за голманската позиција, а Димитриевски би бил квалитетно засилување“ – пишуваат Шпанците.

Но, за Димитриевски интерес има и од португалската Спортинг Брага, кој исто така ќе игра во Лигата на Европа… Сепак, во предност, во секој случај, се шпанските прволигаши!

Македонскиот голман под договор со шпанскиот второлигаш Гимнастик е до 2020 година.

Се вчитува...