Еспањол успеа да и нанесе пораз на непобедливата Барселона во Ла Лига, откако ја совлада во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија. Со голот на Оскар Мелендо постигнат во 88.минута од мечот, Еспањол обезбеди предност од 1-0 пред реваншот кој ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 25,јануари.
Претходно, Барселона можеше да оствари водство, но Лионел Меси не успеа да реализира пенал во 62.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА