Диего Мартинез повеќе не е шеф на стручниот штаб на Еспањол откако каталонскиот клуб реши да ја прекине соработката со овој стратег по серијата слаби резултати на Еспањол во Ла Лига.
Вчерашниот пораз од Џирона беше четврти во низа за овој тим, по што Еспањол падна на 17. место на табелата, со ист број бодови како Алмерија на 18. позиција, која води во втората лига. Во една таква ситуација, челниците на клубот се решија за промена на кормилото пред клучниот дел на сезоната.
За нов тренер се очекува да биде именуван поранешниот голгетер на Еспањол, Луис Гарсија, со кого преговорите се во тек и начелно е договорен да потпише на една и пол сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

