Еспиња неверојатен на голот, Вардар со плус осум на полувреме против Валур

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар имаа позитива од … по првото полувреме на натпреварот против исландски Валур во првото коло од новата сезона во Лигата на Европа.

Гостите подобро го отворија натпреварот и брзо стигнаа до позитва од 0-2. Првиот гол за вардарци во новата сезона во Лигата на Европа го постигна Милан Лазаревски во третата минута кој намали на 1-2. Следуваше одбрана на Еспиња, по која Вуко Борозан со свјот прв гол на мечот израмни на 2-2.

Вардар со погодокот на Вуко Борозан во седмата минута за првпат стигна до плус два (5-3). Во следниот период домаќините успеаја да ја задржат позитивата од два гола, па по десет минути резултатот на семафорот изнесуваше (8-6). По неколку промашувања на двете страни и два нереализирани пенали на Вардар, домаќините сепак на влезот на 19. минута успеаја за првпат да стигнат и до плус четири со уште еден погодок на Срдановиќ од пенал (11-7). Следуваше нова одбрана на Еспиња, која одлично ја материјализираше Петриќ кој во 20. минута донесе плус пет за домаќинот 12-7, по кои тренерот на гостите Антон Рунарсон мораше да го побара својот прв тајм-аут.

Ниту тајмаутот не им помогна на Исланѓаните кои повторно не успеаја да го совладаат одличниот Еспиња кој ја забележа и осмата интервенција, по која Вардар поведе и со плус шест 13-7. Вардарци продолжија да доминираат, а со петтиот гол на Срдановиќ во 30. минута стигнаа и до највисоките во првото полувреме плус осум 19-11.

Еспиња беше неверојатен на голот на Вардар во првото полувреме со десет интервенции, додека најефикасен беше Срдановиќ со четири гола. Кај Валур Магнусон постигна исто така четири гола.

Се вчитува...