Една од најголемите трансфер саги ова лето е заминувањето на Хари Кејн од Тотенхем и неговата преселба во Манчестер Сити. Капитенот на англиската репрезентација не е задоволен од резултатите на клубот и веќе се прости од навивачите на последниот натпревар претходната сезона, но раководството на лондонскиот тим сеуште нема намера да го пушти својот најдобар играч за замине од „Хотспур“.
Напаѓачот се обидува на секој начин да издејствува заминување. Тој се нема приклучено на подготовките на својот тим, а мала е веројатноста и дека ќе биде дел од првиот натпревар на Тотенхем во новата сезона на кој „петлите“ ќе се сретнат токму против Манчестер Сити.
За целата ситуација интересна беше и изјавата на новиот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, кој по ремито против Чесли рече дека се уште нема лично разговарано со Кејн.
„Доколку ме прашувате дали Кејн ќе замине, не дека не сакам да зборувам на таа тема, туку сакам некои работи да се решат внатре во клубот. Се обидуваме да избегнеме било каков облик на јавна расправа. Ние сме фокусирани на тоа што ни е важно и ќе се обидеме со разговор да ја решиме ситуацијата во која сме. Подготовките за новата сезона се тешки како и за секој клуб од секој можен агол. Се надевам дека наскоро ќе разговарам со Кејн лично бидејќи досега немав таква прилика“, изјави новиот тренер на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА