Кадетската репрезентација на Македонија не успеа да стигне до третата победа во низа на Европското Првенство М16 – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако нашите млади кошаркари денеска заслужено беа поразени од Естонија со убедливи 57-76. Избраниците на селекторот Јованчев се обидоа да сторат нешто повеќе и да стигнат до успех како на дуелите со Украина и со Шведска, но денешниот ривал беше поквалитетен и заслужено стигна до победата.
Успеавме да парираме само во првите десет минути што Естонција ги добија со минимални 23-21. Во втората четвртина противникот заигра поквалитетна одбрана, задржувајќи ги нашите млади кошаркари на само 10 поени и на одмор заминувајќи со водство од 41-31. Сите надежи за камбек потонаа во почетните минути од третата четвртина кога Естонија дополнително се одлепи резултатски, по што лесно го контролираше резултатот до конечните „плус 19“.
Цветковски со 11 и Ефтимовски со 10 поени беа единствените со двоцифрен ефект во нашиот табор, додека најдобар поединец на мечот беше естонскиот репрезентативец Стен Адамсон со 23 поени и 7 скокови.
Македонија во последното коло ќе се сретне со Австрија, а за пласман во четвртфиналето на нашите кадети неопходна е победа, но и услуга од Естонците – да слават во својот последен меч против Шведска, исход со кој Естонија би била прва, а Македонија втора во оваа група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА