Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за ЕП 2026, триумфирајќи на вечерашниот домашен дуел со Естонија со резултат 37-33. Се очекуваше многу полеен триумф на нашите ракометари, но слабата одбрана и 20-те примени гола во првото полувреме ја искомпликува задачата за селекторот Лазаров и неговите избраници.
Очигледно нашите ракометари вечерва го потценија, противникот, нешто што не смее да се случи во следните мечеви. Мечот со Естонија во Скопје е веќе завршена приказна, а сега мора да се насочат мислите кон дуелот со Литванците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА