Естонците го декласираа Косово, но ќе ни треба услуга и во Приштина

Естонија очекувано лесно и убедливо го декласираше Косово со резултат 76-50, во рамките од претквалификациите за СП 2019 во кои овие две селекции се наоѓаат во иста група со Македонија. Со денешниот триумф Естонците си го осигураа едно од првите две места во групата и пласманот во главните квалификации за мундијалот, додека Косово останува во борба за втората позиција со нашиот национален тим.

Гостите изненадија со добриот старт и раното водство од 0-7 по три минути игра, но Естонија потоа се врати во ритам, ја доби првата четвртина со 17-15, за потоа веќе во првото полувреме да стигне до двоцифрена предност од 40-39. Домашната селекција до крајот стигна до уште поубедлива победа, а главен проблем за Косово не е поразот, туку повредата што ја заработи најдобриот кошаркар Дардан Бериша во последната четвртина, по што е неизвесен неговиот настап во Скопје против Македонија.

Халик со 15 и Сок со 14 поени беа најефикасни кај победничката репрезентација, додека најдобри стрелци кај Косово во денешниот пораз беа Кастрати со 11 и Хајризи со девет поени.

Естонците денеска рутински си ја завршија задачата, но нам ќе ни треба услуга и во последното коло, коло оваа селекција ќе му гостува на Косово, меч кој ќе биде од огромно значење за домаќините, а нема да им значи буквално ништо на гостинските кошаркари. Секако, претходно ќе треба Македонија на домашен терен да го совлада Косово со повеќе од четири поени разлика, или во најдобар случај нашите репрезентативци самите да си ја завршат работата и со триумф во Талин над Естонија.

Се вчитува...