Фудбалерите на Естудијантес се новите шампиони на Аргентина. Во финалето на Клаусура, црвено-белите го победија Расинг во Авиљанеда по драма и по подобро изведување на пенали со 5:4, откако во регуларниот дел беше 1:1.
Ова е прва титула за Естудијантес од 2010 година, а како победник на Клаусура, тие ќе играат во следното издание на Копа Либертадорес.
Финалето беше тешко и неизвесно, а големи возбудувања чекаа до последните десет минути. Домашниот тим Расинг поведе во 81-та минута кога напаѓачот Адриан Мартинез, доби дуел со голманот на гостите и го заобиколи голманот и мајсторски ја „боцна“ топката во мрежата покрај двајца играчи на Естудијантес, кои се обидоа да спасат она што не можеше да се спаси.
Секунди го делеа Расинг од титулата, а потоа во третата минута од судиското продолжение, Естудијантес израмни. Хозе Соса центрира од корнер, а Гвидо Кариљо израмни со совршен удар со глава и го остави својот тим во живот.
Следеа пенали. Гостите први промашија, кога Едвин Сетре беше непрецизен во втората серија, но во четвртата резултатот беше израмнет по промашувањето на Гастон Мартин Торес.
Одлуката дојде во шестата серија. Факундо Родригез прв постигна гол за Естудијантес, а потоа црвено-белиот голман Фернандо Муслера одбрани пенал против Франк Пардо и им го донесе трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

