Некако традиција станува одбојкарките на италијанскиот Имоко волеј своите трофеи да ги слават на специфичен начин.
Со победата над Новара, Имоко повторно ја освои шампионската титула во Италија а неговите одбојкарки одлучија успехот да го прослават голи заедно со трофејот. Фотографијата нормално веднаш мораше да биде објавена по социјалните мрежи.
Интересно, и минатата година Имоко стигна до шампионската титула и тогаш дел одбојкарки исто така, но поединечно, одлучија да си имаат голи спомен со трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА