Ете зошто е „Џокер“: НБА подготви урнебесно видео за Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Незапирливиот Никола Јокиќ го однесе Денвер во првото НБА финале во историјата, запишувајќи притоа осум „трипл-дабл“ ефекти во плејофот, на тој начин рушејќи го рекордот на Вилт Чемберлен од 1967 година.

Во четири меча против ЛА Лејкерс, Јокиќ во просек постигнуваше 27,8 поени, дополнети со 14,5 скока и 11 асистенции.

Србинот е повеќе од интересен и за НБА-фановите, па НБА лигата на социјалните мрежи објави урнебесно видео од разни ситуации во кои се нашол Јокиќ забавувајќи се себе, соиграчите и фановите. Сите тие детали ја отсликуваат, меѓу другото, и спонтаноста, приземноста и генијалноста на Јокиќ… Неговиот начин на забава ги воодушевува Американците па затоа и прекарот „Џокер“ што во превод секако значи шегаџија…

Се вчитува...