Натпреварот од 31. коло во турското првенство помеѓу Фенербахче и Истанбулспор воедно го одбележа и дуелот на македонските интернационалци Езгјан Алиоски од едната и Валон Етеми од другата страна. Етеми беше оној кој два пати ја тресеше мрежата, но неговиот тим се спаси од пораз во гол во 96. минута за 3-3.
Гулер со голови во 25. и 51. минута донесе предност од 2-0 за Фенербахче, но Етеми со два гола во девет минути го изедначи резултатот. Македонецот реализираше од белата точка во 57. минута, а во 66. минута стрелаше од шестнаесетникот по контра напад.
⚽️GOL: 57′ Valon Ethemi (P)
Fenerbahçe 2-1 İstanbulspor
Sizce penaltı kararı doğru mu? pic.twitter.com/YxaG0Nen3J
— GOLTUBE – Süper Lig Goller (@Yayintube3) April 24, 2023
⚽️GOL: 66′ Valon Ethemi
Fenerbahçe 2-2 İstanbulspor
İstanbulspor 2-0’dan döndü. 🔥🔥 pic.twitter.com/teUzCLAAxd
— GOLTUBE – Süper Lig Goller (@Yayintube3) April 24, 2023
Жоао Педро кој стрелаше во 71. минута донесе нова предност за Фенербахче. Домашните фудбалери беа и блиску до победата, но во шестата минута од судиското продолжение за гостите мрежата ја затресе Езе за конечни 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА