И четврти едноподруго натпревар изминатиов месец Валон Етеми без настап за турскиот суперлигаш Истанбул.
Како и на претходните три дуели, и вчера за мечот против Пендикспор македонскиот фудбалер воопшто не беше во комбинација за настап. Ако на тоа се надополни дека Етеми, без објаснување, не се појави и на повикот за октомврискиот собир во репрезентацијата, сето тоа повеќе од нејасно и за стручните служби во македонскиот национален тим.
Последните минути за Истанбулспор, Етеми ги имаше на дуелот против Бешикташ на 8. октомври. И од тогаш воопшто без настап.
Интересно е што околу неговата ситуација нема официјални оогласувања од клубот, иако дел од турските медиумите известуваат за повреда која го оддалечи од терените. Но, конкретно објаснување за тежината на истата и должината на неговото отсуствот. Според дел од турските медиуми Етеми почнал да тренира со тимот, па се очекува и негово враќање на терените.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА