Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, постигна нов гол за Истанбулспор, но не успеа да спаси пораз на својот тим од Анкарагучу на домашен терен. Етеми во 55. минута стрелаше во мрежата по една одбиена топка, за да го израмни резултатот.
Сепак, гостите на овој меч во судиското продолжение стигнаа до гол, и до победата од овој натпревар. За Истанбулспор ова беше втор пораз во сезоната.
Валон Етеми го постигна својот трет гол во сезоната во Турција, со што ги продолжува добрите партии. Тој се врати после повреда, со оглед дека не беше во комбинација за дуелите со Грузија и со Бугарија во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

