Македонскиот репрезентативец Валон Етеми следната сезона ќе игра во Суперлигата на Турција откако со неговиот Истанбулспор денеска во финалето од баражот славеа против Бандирмаспор со 2-1.
Етеми одигра 72 минута во финалниот бараж притоа асистирајќи и за првиот гол на Истанбулспор за водство од 0-1.
Македонскиот фудбалер мајсторски нафрли пред голот на противникот каде умешно стрелаше Јилмаз…
По овој голем успех на неговиот тим Етеми веќе утре директно во Гибралтар ќе се приклучи на македонската репрезентација за дуелот од 2. коло во Лигата на нации кој го играме на 5. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

