Седми гол на Валон Етеми во турскиот шампионат оваа сезона. Македонскиот интернационалец попладнево стрелаше во победата на својот тим на гостувањето кај Умранијеспор.
Етеми беше преизен во 30. минута, и практично го казни домаќинот, кој 18 минути претходно не реализираше удар од белата точка.
Неговиот соиграч Кабасакал во 45. минута ги постави конечните 0-2. Ова беше важен триумф на Истанбулспор во битката за опстанок во Супер-лигата на Турција, а тимот, конечно, го предаде „фенерот“ на Умранијеспор и ги зголеми шансите за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА