Ето: Едниот не можеше да освои ЛШ со Баерн, а другиот го направи тоа со Порто

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Семјуел Ето се наоѓа во центар на вниманието, откако се реши да ја заврши кариерата.

Камерунецот најдобрите денови ги помина во дресот на Барселона, но и за сеќавање е 2010 година кога со Интер успеа да ги освои сите трофеи. Тој е еден од фудбалерите кои во кариерата имаа среќа да соработуваат со Жозе Мурињо и  Пеп Гвардиола. Ето во едно интервју одговори кој според него е подобар тренер.

„Не можам да ги споредам Пеп и Жозе. Еден од нив не можеше да освои Лига на шампиони со Баерн, а другиот тоа го направи со Порто“, изјави Ето.  

Се вчитува...