Ето го насмеа светот: Камерун и Мароко ќе играат во финалето на Мундијалот во Катар?!

Екс-легендарниот напаѓач на Камерун и Барселона, Самуел Ето, ја даде најлудата прогноза за тоа кој ќе игра во финалето на претстојниот Мундијал во Катар за кое цел свет му се смее.

Ето е претседател на камерунската федерација и во пресрет на Мундијалот објави дека финале ќе играле Камерун и Мароко, а златниот трофеј ќе го освои неговата земја.

„Африка секогаш имала потенцијал за спектакуларно Светско првенство, ама досега не бевме на максимум. Мислам дека во последниве години африканските селекции стекнаа доволно искуство и сега се спремни за триумф. Тоа би било остварување на сонот. Во финале ќе играат Камерун-Мароко“, рече Ето.

Камерун е во група со Бразил, Србија и Швајцарија, додека Мароко е во група со Хрватска, Белгија и Канада.

Во историјата на Светските првенства само трипати африканска селекција стигнала до четвртфинале и тоа Камерун на СП во Италија во 1990 година, Сенегал на СП во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година и Гана во 2010 година на СП во Јужна Африка.

Се вчитува...