Ето и Дрогба за тестирањето на вакцина за Ковид-19 во Африка – Ку***ни синови, не сметате за заморчиња

Интервју на двајца француски доктори во кое говорат за тоа дека вакцината за Ковид-19 ќе биде тестирана на луѓе во Африка, предизвика бурни реакции кај неколку фудбалери кои доаѓаат токму од овој континент.  Меѓу најгласните беа Самуел Ето и Дидие Дрогба кои сметаат дека луѓето во Африка не се заморчиња, за кон нив медицинските лица да се однесуваат така.

„Ку***ни синови, вие сте го**а. Луѓето во Африка не се ваша играчка“, напиша Самуел Ето. 

„Сосема е незамисливо што треба да продолжиме да го прифаќаме тоа. Африка не е лабораторија за тестирање, луѓето во Африка не се заморчиња“, се надоврза Дрогба. 

 

Се вчитува...