Легендарниот напаѓач на Барселона и на Интер, Самуел Ето, беше дел од гала свеченоста на ФИФА при доделувањето на наградите „The Best“ за 2019 година и не се сложи со изборот на Светската фудбалска организација. Иако е транспарентен и сеопфатен, со гласови од селекторите и капитените на националните селекции, како и дополнителни новинарски гласови, сепак, Самуел Ето не се сложи со фактот дека неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси, беше избран за најдобар во 2019 година.
„Кристијано Роналдо, Лионел Меси или Вирџил ван Дајк? Ниту еден од нив не беше мој фаворит. Најдобрите фудбалери изминатата година беа Мохамед Салах и Садио Мане, а тие воопшто не се номинирани во триото“, изјави Самуел Ето.
Меси го доби признанието, Ван Дајк беше второпласиран, а Роналдо и воопшто не присуствуваше на манифестацијата во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА